четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДОАЃА ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК: Ни се враќаат топлите температури и сончевото време, вратете си ги назад зимските јакни

ДОАЃА ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК: Ни се враќаат топлите температури и сончевото време, вратете си ги назад зимските јакни

Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Времето во сабота ќе биде променливо облачно, наутро со локална појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Во недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. ќе дува умерен ветер од северен правец.

Во понеделник времето ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од северен правец.

УХМР ОД ВЧЕРА ИЗДАДЕ И АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Поради спуштање на студена воздушна маса од север денес времето ќе oблачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни (над 20 л/м2). На планините во западните и во североисточните делови (над околу 1000 м.н.в.) врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см.

Најнови вести