петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Тодоровска: Нашата програма е изготвена со директна вклученост на граѓаните преку нивните идеи, предлози и знаење

Тодоровска: Нашата програма е изготвена со директна вклученост на граѓаните преку нивните идеи, предлози и знаење

ВМРО ДПМНЕ својата програмска понуда ја направи во отворена и широка акција на вклучување на граѓаните, но и на поединци кои имаат идеи, познавања и зедоа директно учество во креирањето на политиките кои Битола ќе ја направат поубаво место за живеење. Во нејзиното подготвување учествуваа сите граѓани, непосредно, изложувајќи ги своите проблеми, но и нудејќи решенија за многу од нив, изјави на денешната прес конференција, Марица Тодоровска кандидатот за советник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за општина Битола.

Таа истакна дека тоа е програма адаптирана и на реалните потреби на битолчани, прецизна, јасна и остварлива, но и програма која од општина Битола ќе направи и модерен и пристапен дигитален сервис за граѓаните.

– Како идеи на граѓаните во нашата програма ги ставивме и следните проекти:
Гарантираме УРЕДУВАЊЕ И РЕОРГАНИЗАЦИЈА НА РЕОН 6 ВО ГРАДСКИ ПАЗАР и поставување монтажни продажни објекти.
Гарантираме ПАРКИНГ КАЈ „СЕЛСКА АВТОБУСКА“, на Ат пазар.
Гарантираме БУЛЕВАРСКО РЕШЕНИЕ ЗА УЛ. „ВАСКО КАРАНГЕЛЕВСКИ“.
Гарантираме ИНФРАСТРУКТУРНО УРЕДУВАЊЕ И РЕВИТАЛИЗАЦИЈА на старата битолска чаршија вклучително објектот „Безистен” во координација со централната власт, појасни Тодоровска.

Таа исто така вети дека како нова локална самоуправа ќе ОБЕЗБЕДУВАТ ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА ЗА ОБУКА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ И СТОЧАРИ за полесно користење на современи методи на земјоделско производство и сточарство, обука за користење на ИПА фондовите.

– Гарантираме ИЗГОТВУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ со цел да може да се врши изградба на сточарски објекти по европски стандарди, складови, откупни центри, ладилници и останата земјоделска инфраструктура. Заедно, со вас почитувани граѓани, за седумката на седумнаесети, додаде Тодоровска.