Гласањето во Мокриево се продолжува за три часа. Во едно од двете избирачки места коишто се наоѓаат во училиштето во село Мокриево гласањето ќе трае до 21:55 минути.
Проблемот настанал утрото уште на самото отворање на гласачкото место. Терминалите за идентификација не успеале да профункционираат. ИТ службата на ДИК донела втор терминал, но и тој не работел. По повеќе обиди, одлучено е гласањето да почне како и досега, со УВ ламба.
Проблеми имало и во соседното избирачко место, кое се наоѓа неколку училници подоле, меѓутоа таму гласањето се одвива со помош на терминалите, а оние граѓани коишто нема да се идентификуваат и по повеќе обиди, продолжуваат со гласањето со помош на ув ламба.