Шпекулациите завршија. Музичката sвезда Маја Беровиќ, по бројните шпекулации дека е бремена, одлучи да ја сподели оваа добра вест со своите фанови.
Како што дознаваме, Маја влегла во шестиот месец од бременоста, а во февруари ќе роди момче.
Во оваа прилика, Маја се огласи и со интересна фотографија напиша:
– Се чини дека следната година ќе има малку повеќе бебиња отколку вечерва, бидејќи наскоро доаѓа мама Бебовиќ. Неизмерно сум среќна и благословена што носам нов живот на светот! Им благодарам на сите мои пријатели и соработници кои се грижеа за мене во сите фази во претходните месеци, со цел целата сезона да ја изведам професионално како што сте навикнати од мене. И сега, по феноменалните месеци поминати со вас во ова лудо време што не опкружува, конечно може да започне мојот сладок одмор – рече Маја во оваа прилика.
View this post on Instagram