четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува чинот на кандидатот за градоначалник кој се заканувал на самохрана мајка

Пешевска: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува чинот на кандидатот за градоначалник кој се заканувал на самохрана мајка

Згрозена сум од ова што го слушам и читам. Маж, кандидат за градоначалник да се дрзне да се заканува на една самохрана мајка дека ќе и го одземе детето, е врв на нечовечност, ароганција и дрскост, стои во Фејсбук објавата на Жаклина Пешевска.

Таа пишува дека унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува овој чин на закана кон една жена и додава дека бараат јавното обвинителство, полицијата и сите надлежни институции веднаш да реагираат.

– Бараме и од организациите за заштита на правата на жените во Република Македонија соодветна реакција и осуда на овој чин, пишува Пешевска.

Најнови вести