Сите се сеќаваат на првата сезона на балканската верзија на Х-фактор, но иако победи нашиот Даниел Кајмакоски, публиката не го заборави ниту Лукијан Ивановиќ.
Тој беше миленик на публиката поради емотивните изведби на баладите, а често предизвикуваше и солзи кај жири комисијата.
Иако пејачот издаде еден албум, тој денес целосно се повлече од јавниот живот и сцена.
Тој во моментов живее во родниот град Бањалука каде сепак се занимава со пеење и со музика, но далеку од очите на јавноста.