Почитувани граѓани на Република Македонија, се наоѓам во срцето на Преспанскиот регион во ресенско, каде што денеска во средбите со граѓани, со земјоделците разговаравме за тешката ситуација во која што во моментов се соочуваат со пласманот и откупот на јаболкото кое што е на ширум низ светот познато, изјави денеска за медиумите, Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна од оваа средба и од оваа изјава од лице место од Ресен дека откупот со јаболкото е катастрофален, цените кој што се истакнати од страна на купувачите за индустриското е 2 денари, мизерни 2 денари, додека за конзумното е 8 до максимум 10 денари.
– Она што сакам да го потенцирам и покрај овие цени што се истакнати, откуп и пласман речиси да нема, земјоделците се цел ден на бавчите по нивите, го берат својот труд, меѓутоа пласманот останува не загарантиран. Пред речиси две недели овдека од ова место Зоран Заев најави дека ќе даде дополнителни 3 денари за индустриското јаболко, меѓутоа тоа остана само празни зборови, ниту има измени на програма, ниту има некакво дејствие за да знаат земјоделците дека на вистина ќе ги добијат тие 3 денари, посочи Трипуновски.
Тој додаде дека тоа е она популистичко лицемерие кое што Владата предводена од Зоран Заев само ветува и едно големо ЌЕ а од реалноста нема ништо.
– Ние денеска се наоѓаме во Ресен и во разговор со земјоделците им ветуваме дека со Јован Тозиевски како нов градоначалник во општина Ресен, заокружувајќи го бројот 7 и ВМРО-ДПМНЕ кој што ќе ја формира идната Влада во Република Македонија, заедно ветуваме дека ќе имаме сигурен пласман и ценење на преспанското јаболко, земјоделците тоа го заслужуваат, земјоделците тоа треба да го очекуваат, ние ветуваме дека ќе ја исполниме таа обврска затоа што за нас како ВМРО-ДПМНЕ земјоделството било и ќе остане приоритет во наредното четиригодишно владеење, заврши Трипуновски