четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Членови на СДСМ од врата на врата им се закануваат на социјално загрозени семејства

ВИДЕО: Членови на СДСМ од врата на врата им се закануваат на социјално загрозени семејства

На социјалните мрежи во неделата се појави видео, во чиј опис се наведува дека станува збор за активисти на владејачката СДСМ, кои во општината Василево ги посетуваат социјално загрозени семејства и во обидот да обезбедат гласови за нивниот кандидат упатуваат и закани.

„Ова ли е злото кое се заканува и чука на врата, што го зборува Зоран Заев и СДС? Членови и активисти на СДС Василево одат од врата на врата кај социјално загрозени семејства и се закануваат дека, како што се слуша на видеото, ќе молат за социјална помош!“, пишува во објавата Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ, по што следат коментари на корисници на мрежата.

Во оваа општина се води тесна трка за градоначалничката позиција, откако во првиот круг Славе Андонов кандидат на ВМРО-ДПМНЕ осви 48,81 отсто од гласовите, додека Марјан Јанев од СДСМ влегува со 47,94 проценти.

Најнови вести