Британскиот кантавтор Ед Ширан е позитивен на коронавирусот.
Ширан на Инстаграм објави дека ќе биде во самоизолација, согласно насоките на британската влада.
-Им се извинувам на сите што ги разочарав, сите бидете безбедни, рече Ширан.
Британскиот текстописец и кантавтор минатата недела настапи во Лондон за време на доделувањето на наградите „Earthshot“, наменети за оние кои се обидуваат да ја спасат планетата, потсетува Би-би-си.
Наградите ги доделува Кралската фондација на војводата и војвотката од Кембриџ.