„Ако ги разгледаме и сознанијата на луѓето од сферата на урбанизмот и архитектурата ќе констатираме дека и самите тие детектирале мноштво на работи кои што не се соодветни на нели за она што треба да биде соодветно урбанистичко планирање. Колку што се сеќавам дури и професори при Архитектонскиот факултет имаат детектирано дека и добар дел од ДУП-овите не се соодветни дури и заедно со ГУП и генерираат проблеми. Знаете ако одиме врз основа на барем постоечката регулатива која што постои нема да го земам во предвид сега Законот кој што е пред вратите на Собранието нели за градба, а кој што не е се уште во процедура. Значи нас ни постојат инструментите во вид на постоечка законска регулатива која треба да се прати, исто така треба да се пратат стандардите кои што постојат при таа законска регулатива или пак правилниците кои што произлегуваат од тие законски нели нормативни акти. И колку што сметам ете јас поаѓам од искуството на оние што претставуваат стручни лица и сметам дека ако добро се проверат сите нешта дали се запазени законските одредби или рамки, правилата ако се запазени, ако се запазени стандардите и нештата, мислам дека тогаш нема да има ништо спорно“, истакна Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар во емисија на телевизија 24.
Котлар Трајкова додаде дека таа е против она што претставува отстапување од ДУП-овите, некои непримерни однесувања во однос на тие планови бидејќи тие што се тројцата од таа независната листа се точно луѓето кои што беа незадоволни од актулената власт како се однесуваше кон урбанистичките планови.
„Барем ние како стручен тим луѓе бидејќи јас очекувам да бидам градоначалник немам намера да некој да мисли дека нема да бидам градоначалник, значи сериозно сакаме да учествуваме во начинот на донесување на ГУП-от. Бидејќи како што забележувам таа постапка воопшто не е ниту транспарентна“, појасни Котлар Трајкова.
Котлар Трајкова посочи дека веќе нема место за градба во Центар. На Центар му се потребни паркови.