Хрватскиот пејач Петар Грашо и Хана Хулиќ веќе не се раздвојуваат еден од друг, а нивната врска е и под будно око на медиумите и јавноста.
Последниот гест на хрватскиот заводник очигледно и го скрши срцето на неговата поранешна девојка Даниела Мартиновиќ, пишуваат хрватските медиуми.
Цели три децении парот беше во емотивна врска, а неколку месеци по раскинувањето тој ја призна врската со четиринаесет години помладата Хана Хулиќ.
За нивната врска од тогаш медиумите не престанаа да пишуваат и шпекулираат, а овој пат се појави и фотографија од парот од една свадба во Корчула каде пеел Грашо.
Тие освен што не се раздвојни и одат заедно секаде, во јавноста започнаа да разменуваат и нежности, а ова особено ќе и го скрши срцето на Мартиновиќ.