Штипските археолози го истражуваат локалитетот Пилав Тепе. Директорот на Заводот за заштита на споменици и музеј на град Штип, Митко Штерјов вели дека истражувањата се одвиваат на локацијата, каде претходно се истражуваше на експресниот пат Штип-Радовиш. Теренските активности на овој локалитет се во завршна фаза.
-Со годинeшните истражувања се откри дел од доцноантичката некропола, а според наодите се датирани во доцната антика во времето на јустинија II. Гробовите се карактеристични, бидејќи се покриени со големи монолитни блокови, вели Штерјов.
Посочи дека локалитетот Пилав Тепе е позоциониран во клисурата на Маденска река, на нејзиниот десен, односно северен брег. За прв пат во 2018 година во периодот мај-август за потребите на изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш се извршија заштитни археолошки истражувања на локалитетот Пилав Тепе. Археолошките истражувања во моментов кои се одвиваат на Пилав Тепе се финансирани преку Програмата на Министерството за култура.
Во Археолошката карта локалитетот Пилав Тепе е заведен како неолитска населба и населба од вториот до четвртиот век од нашата ера. Иако во научните кругови за него се знае дека бил населен и во хеленизмот.