четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Лисиче се дави во смог, Шилегов вика го исчистил воздухот

Лисиче се дави во смог, Шилегов вика го исчистил воздухот

Загадувањето на воздухот стана главна закана за животната средина и здравјето на луѓето кои живеат во Скопје, а ситуацијата се влошува со години.

Иако градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вели дека мерките кои се преземени даваат резултати сепак бројките кои ги покажуваат мерните станици говорат поинаку.


Дека аерозагадувањето е голем проблем во Македонија е констатација и во најновиот извештај на Европската Комисија.

– Лимитиран прогрес е постигнат во областа на зачувување на природата и климатските промени. Како и да е, имплементацијата во сите сектори останува загрижувачко прашање. Земјата е охрабрувана да истапи амбициозно кон Зелената транзиција, особено во контекст на Зелената агенда за Западен Балкан. Повеќето од минатогодишните препораки не се имплементирани, се истакнува во Извештајот.