Прво сакам да разбистриме неколку аспекти во поглед на изборите односно првиот изборен круг од 17-ти Октомври. За политичките партии гласаме на советничките листи, значи на една листа се претставува целата политичка партија, немате право да гласате за кој сакате во совети, туку едноставно или ја подржувате таа опција или не ја подржувате, и тука изборите се заврштени. Зошто? Затоа што советничките листи веќе се формирани во сите 80 општини плус градот Скопје, и на истите Социјалдемократскиот сојуз доживеа дебакл и фијаско. Значи тука од старт да ја расчистиме работата, дека СДСМ ги изгуби овие избори, изјави Љупчо Пренџов во вечерашното негово гостување во „Само Вистина“ на Канал5.
– Што се однсува до градот Скопје, гледам дека ние имаме теми кои што се неприродни за говорење затоа што ние разговараме за Скопје а не се зборува многу од страна на владините претставници дека најголема скопска општина по број на жители Аеродром, ја изгубија со 10.000 гласови разлика, изгубија во Бутел во прв круг, Кисела Вода во прв круг, Ѓорче Петров во прв круг, така што генерално и во вториот круг јас не гледам каде Социјалдемократскиот сојуз би победил бидејќи сите големи градови или се недостижни за нив или се веќе изгубени. Таков е случајот со Штип, Велес, Прилеп. Секаде во првиот круг имаат изгубено избори, во Охрид за некои 50-60 гласови точно не знам, не се изгубени во прв круг така да генерално кога ќе ја слушнам таа реторика „Има и втор круг“, секоја чест за демократскиот капацитет и изборот на граѓаните на општина Лозово, на Кривогаштани што таму гласале за СДСМ јас тоа не го спорам, но кога збориме за избори генрално, СДСМ ги изгуби овие избори, појасни Пренџов.