Еден тиктокер го подготвил популарниот златен бифтек кој го прослави „кралот на солта“, односно еден од моментално најпопуларните готвачи во светот – Нусрет Гокче, но за многу помалку пари.
Бифтекот во неговиот ресторан чини 20 евра, но доколку тој лично ви го посоли, цената може да достигне и до 800 евра и повеќе.
Вртоглавите цени не ги спречуваат посетителите да ги посетат неговите локали и да го пробаат еден од најскапиот бифтек на светот кој се продава по цена од 1.450 фунти, што е речиси 1.500 евра. Ова јадење се служи во неговиот ресторан, а специфични го прават ливчињата злато со кои е покриен.
Меѓутоа, сега еден инфлуенсер и тиктокер покажал дека ваков идентичен бифтек може да се направи и дома и тоа за значително помала сума на пари.
Тој направил оброк користејќи путер кој го платил 2 фунти, лук кој чинел 60 пени, 70 пени за коријандер и јунешко месо од 32,92 фунти пред да го надополни со злато кое се јаде од 28 фунти.
@harrisonwebb97 How much the Salt Bae GOLD steak REALLY costs to make! 😳💰##saltbae ##Nusr_et
Вкупната цена за јадењето изнесувала 64,44 фунти или 75 евра што значи дека би заработил огромна сума на пари за едно парче такво месо доколку го продава по иста цена како „Salt Bae“.