недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Република: Правдата е слепа и пред избори: Вице Заев, Трајче Заев…. и Заеви зеле кредит од Еуростандард и не го вратиле

Република: Правдата е слепа и пред избори: Вице Заев, Трајче Заев…. и Заеви зеле кредит од Еуростандард и не го вратиле

Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев, излегол од сопствеништвото на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која има сомнителен и спорен долг во Еуростандард банка од околу 600 илјади евра и нема платено ниту една рата 620 дена пред затворање на банката минатата година. Според јавно достапни податоци од Централен регистар, Вице Заев ја напуштил фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица на 18 февруари оваа година, пишува порталот Република.мк.

На негово место како косопственик во фирмата влегол Зоран Марковски додека другите двајца крајни косопственици, Сашко Брндевски и Ристо Кречев, останале во фирмата.

Историјат на промени Сара Инженеринг ДОО Струмица

-Во последните две години фирмата имала загуби од 16 до 65 илјади евра, и двапати поголеми обврски од капиталот на фирмата. Во 2020 година приходите на фирмата биле само 4.800 евра. Фирмата должи и околу 560 илјади евра за неплатени даноци према државата односно кон Управата за јавни приходи.

Вице Заев бил континуирано косопственик во оваа фирма од 2010 година, за да ја отуѓи истата со неисплатен долг кон Еуростандард банка само неколку месеци откако банката се затвори минатата година. Земени пари за да не се вратат, стои во текстот.

Целиот текст на Република.мк

Најнови вести