Промените започнаа во цела Македонија, неминовно ќе се случат и во Кочани. Никакви манипулации и притисоци од страна на власта во заминување тоа нема да го спречат. Останува уште само еден чекор до новата иднина, истакна Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на општина Кочани.
-Во недела излезете масовно на гласање и дајте силна поддршка на проектите со кои одговорно обезбедуваме модерен развој на Кочани. Драги кочанчани, вие сте силата која создава подобра иднина, ајде заеднички да ја оствариме целта. На 31-ви излезете и одберете промени, проекти и нови победи. Гласајте и заокружете број 7 за просперитетно Кочани, истакна тој.