четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Македонија се случува вистински предизборен масакр: Меѓународната заедница и домашните институции не смеат да останат имуни на ова што се случува во земјата

Во Македонија се случува вистински предизборен масакр: Меѓународната заедница и домашните институции не смеат да останат имуни на ова што се случува во земјата

Македонската јавност вечерва е шокирана од она што вечерва се случува со предизборниот поткуп ширум Македонија, каде што членови и активисти на една политичка партија на секој можен начин, иако знаат дека го кршат изборниот законик се обидуваат да дојдат го глас повеќе. На ова не треба да останат имуни меѓународната заедница и сите набљудувачки мисии во Македонија, како и целата македонска јавност.

Вечерва и изминатиов период сите сме сведоци на невидени притисоци, закани и поткупи ширум целата Република.

На овие нерегуларности никој не смее да остане имун, особено меѓународните набљудувачки мисии во Македонија како и сите граѓани.

Она што сигурност може да се каже е дека во 30 години независност на Република Македонија ваков масовен предизборен поткуп и вакви предизборни нерегуларности не се случиле.

Во наредниот период МВР и Обвинителството ќе имаат полни раце работа, се со цел расветлување на овие нерегуларности, а и за во иднина да не се случуваат вакви дејанија, се разбира доколку сакаме напред по евроатланскиот пат.

Во прилог мал дел од она што се случуваше за време на изборниот молк:

МОЛКОТ СЕ КРШИ – ПРЕДИЗБОРЕН МАСАКР НИЗ МАКЕДОНИЈА: Лице блиско до градоначалникот врши пoткyп во Демир Капија

ПОТКУП И ВО РЕСЕН: На Роми им се делат пари и земаат личните карти, полицијата асистира

ВИДЕО: Предизборен поткуп и во Гевгелија со асистенција на началникот од МВР Струмица

Уапсени две лица во скопската населба Даме Груев: Вршеле предизборен поткуп за политичка партија (ФОТО)

ИЗБОРЕН ПОТКУП ВО ГЕГЕ – полицијата уапси две лица(ФОТО)

Најнови вести