понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Во Кичево до 9 часот гласале вкупно 2197 избирачи

Во Кичево до 9 часот гласале вкупно 2197 избирачи

Во Општина Кичево, една од поголемите општини со 50 746 избирачи запишани на единствениот избирачки список, до 9 часот своето демократско право на глас го искористиле 2197 гласачи или 4,33 проценти.

Овој податок се однесува на 93 обработени избирачки места од 114 колку што ги има во општина Кичево.

– Во првите два часа во нашата општина гласале вкупно 2197 граѓани или 4,33 проценти. Оваа информација се однесува на обработени 93 проценти од вкупниот број избирачки места во општината. Единствениот проблем кој го имавме во досегашното гласање се случи на избирачко место 0745, каде едно лице го погрешило кандидатот за кој сметал да гласа го искинал ливчето и побарал нов примерок за да гласа, истакна Теанула Станкоска од ОИК за општина Кичево.