Општина Тетово до 17 часот бележи 40,01 отсто излезност на гласањето за вториот круг од локалните избори. За десет часа гласале 32.718 од вкупно 85.577 избирачи.
Во споредба со првиот круг од гласањето, излезноста е зголемена бидејќи на 17 октомври гласаа 33,24 проценти од населението евидентирано во избирачкиот список, покажуваат податоци од Општинската изборна комисија Тетово.
Во руралните општински центри излезноста е помала – Боговиње 31,08 отсто или 8796 од 28.307 граѓани, Брвеница 36,70 отсто или гласале 5770 од 15.732 избирачи. Во Теарце досега гласале 7004 од 22.450 граѓани со право на глас или 31,22 проценти. Желино бележи излезност од 38, 22 отсто односно гласале 9357 од 24.485 избирачи.