сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во општина Кичево излезноста до 17 часот е 40,56 отсто

Во општина Кичево излезноста до 17 часот е 40,56 отсто
МИА

Во општина Кичево до 17 часот своето демократско право на глас го искористиле 20.582 избирачи или 40,56 отсто.

Ова се резултати од 94 избирачки места колку што се обработени од вкупно 120-те колку што има во општината.

Според ОИК, излезноста бележи пораст во последните два часа.

-Во нашата општина во последниот пресек за денеска е регистрирана излезност од 40,56 отсто или до 17 часот гласале 20 582 избирачи. До затворањето на избирачките места очекуваме излезноста да се зголеми и бројките да пораснат. И во последниот пресек ги немаме бројките од сите избирачки места и од 120 избирачки места во општината обработени се 94, информираа од Општинската изборна комисија.

Во општина Кичево во вториот изборен круг се натпреваруваат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Александар Јовановски, кој во првиот круг освои 8801 глас и кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари со освоени 8545 гласа.