среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Имав ментални потешкотии: Лејди Гага призна со што се соочила поради оваа улога

Имав ментални потешкотии: Лејди Гага призна со што се соочила поради оваа улога

Пејачката Лејди Гага се појави на насловната страница на новото издание на британскиот Vogue во кое зборува за нејзиниот нов филм House of Gucci.

Пејачката во новиот филм на Ридли Скот, базиран на вистински настани, ја игра Патриша Реџани која најмува убиец да го убие нејзиниот поранешен сопруг Маурицио Гучи (Адам Драјвер).

Таа рече дека за улогата се подготвувала три години.

„Ќе бидам целосно искрена и транспарентна: живеев година и пол како неа. И зборував со акцент девет месеци“, рече таа.

“Кога не снимаа камерите, не се извлекував од улогата. Останав во неа. Ми беше речиси невозможно да зборувам со акцент како плавуша. Веднаш морав да ја офарбам косата и почнав да живеам како неа“, додаде таа.

Таа открива и дека имала проблеми на крајот од снимањето. “Имав ментални потешкотии во еден момент при крајот на снимањето. Или бев во мојата хотелска соба, каде што живеев и зборував како Реџани, или бев на филм, каде што живеев и зборував како неа”, рече пејачката. “Се сеќавам дека еден ден во Италија излегов на прошетка со шешир. Не бев излезена околу два месеца и ме фати паника. Мислев дека сум на филмски сет”, додала Лејди Гага.

Таа се осврнала и на обвинувањата на Патриција Гучи дека не се консултирала со неа за улогата.

„Чувствував дека можам вистински да ја раскажам оваа приказна само ако и пријдам со око на љубопитна жена полна со новинарски дух за да можам да разберам што се случува меѓу редови во сцените на филмот. А тоа значи дека никој нема да ми каже која е Патриција Гучи, дури ни Патриција Гучи“.

Филмот ги прикажува последиците од смртта на Маурицио откако Реџани најмила убиец да го убие во 1995 година, а светската премиера ќе ја има на 24 ноември.

Реџани, која сега има 72 години, одлежала 18 години затвор и била ослободена во 2016 година, но сепак тврди дека била неправедно осудена. Таа за магазинот „Пипл“ во 2018 година изјавила: „Не сум виновна, но не сум ниту невина. Сите работи што се случија беа недоразбирање“.

Најнови вести