Сомнеж за организирана мрежа за рекет составена од истражители на АНБ кои биле отстапени на обвинителството уценувала познати скопски бизнисмени.
Луѓе од АНБ креирале фиктивни кривични пријави и со истите биле уценувани познати сопственици на компании. Еден од нив настапил со обележани пари, пренесе Нетпрес.
Истражителите на обвинителството ја користеле својата позиција и линковите со АНБ за да бидат уценувани жртвите. Во моментот Вилма Рускоска бара запленување на компјутерите на вклучените лица од АНБ, на што В. Д. се спротивставувал. Во повидок е нов скандал во кој се вклучени лица од разузнавањето и власта на СДСМ, пишува Нетпрес.
КУРИР ПОБАРА ОДГОВОРИ ОД МВР ЗА ОВОЈ СЛУЧАЈ, НО ОД ТАМУ МОЛЧАТ.