Овие денови работата во општина Могила се интензивира со целосно ставање во функција на опремата и механизацијата. Денес започнуваат и активности за чистење на речните корита. Започнуваме со силно темпо, одговорно и заеднички да ги решаваме проблемите, се вели во Фејсбук статусот на Драганчо Саботковски, градоначалник на општина Могила.