вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Утре без струја повеќе делови од Карпош

Утре без струја повеќе делови од Карпош

Во текот на утрешниот ден во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ОУ „Јан Амос Коменски“, ул. „Варшавска“ бр. 19 и од ул. „Дамаска“ од бр. 1 до бр. 35 во општина Карпош.

Како што информираат од РЦУК, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат и корисниците од ул. „Прашка“ од бр. 72 до бр. 82, како и  ул. „Букурешка“ бр. 1 и од бр.133 до бр.147, исто така, во општина Карпош.