среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дали пожарот во РЕК Битола значи пакост за покривање на траги за криминалот и создавање на енергетска криза?

Дали пожарот во РЕК Битола значи пакост за покривање на траги за криминалот и создавање на енергетска криза?

Синоќа избувна голем пожар во РЕК Битола. Медиумите пишуваа дека гореше трафостаница во рамки на термоелектраната. Според неофицијалните информации паднати со работа се двата блока.

И додека под раководство на СДСМ има проблем со производството на струја, од АД ЕСМ и директорот Васко Ковачевски нема информации за состојбата во РЕК Битола.

Она што е сомнително е дека пожарот се случува среде енергетска криза. Во вторник комисијата предводена од министерот Крешник Бектеши ќе бара и прогласување на кризна состојба.

Доцна синоќа се реагираше и Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ каде посочија дека пожарот се случи поради неработењето, криминалот и нестручноста на СДСМ.

-Двата блока се надвор од погон, поради настанатата експлозија на трансформаторот. Во моментов беснее пожар во комбинатот, што е видливо од снимките. За жал неработењето, криминалот и нестручноста на СДС доведоа до уште една катастрофа во македонскиот гигант, РЕК Битола, кој едвај се држи на нозе. Дали после болницата во Тетово, неспособната власт на СДС ќе го пеплоса и уништи и РЕК Битола?, прашуваа од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

Инаку РЕК Битола последно време стана позната по бројни сканадали каде се делеа сомнителни тендери.

Пред извесно време беше објавено дека РЕК Битола за своите потреби врши набавки од најразлични фирми, но една фирма со која државното претпријатие соработува во изминатите години се издвојува од сите останати. Компакт МСФ е фирма за производство, трговија на големо и мало и услуги која за време на своето долгогодишно работење, па се до денес тендери добива само од РЕК Битола. Сопственичката на фирмата и нејзиниот сопруг се вработени во рударско-енергетскиот комбинат. Фирмата благодарение на добиените тендери од РЕК Битола досега инкасирала околу 1 милион и 900 илјади евра.

Од 2017-та година оваа мала компанија, Компакт МСФ Битола, редовно добива тендери од загубарот РЕК Битола, толку редовно што само лани и годинава се 20 на број.

На сите договори со РЕК Битола како директор на фирмата до март 2020 година е потпишана Летка Фидановска. Од изминатата година таа фигурира само како сопственик на фирмата.

Фидановска во моментов работи во РЕК Битола, а нејзината фирма продолжува и понатаму да добива тендери. Фирмата добива тендери и покрај тоа што нејзиниот сопруг Менде Фидановски станува лидер на синдикалната организација на РЕК Битола во 2018 година. Токму во изминатите три години Компакт МСФ има и најплодна соработка со рударско-енергетскиот комбинат, ако се суди според бројката на добиени тендери.

Откако Фидановски е првиот човек во борбата за унапредување на првата на работниците во РЕК Битола, фирмата на неговата сопруга добила 43 тендери. Нивната вкупна вредност е околу 1 милион и двеста илјади евра. Претходно од 37 тендери во рок од пет години Компакт МСФ наплатила пониска сума од околу 650 илјади евра.

Во моментот државата влегува во инфлаторна спирала, цените на сите производи одат нагоре, поскапено е се во продавниците, брашното, лебот, зејтинот, бензините а ни претстои и нова енергетска криза за што е и најавено дека од втроник министерството за Економија ќе побара да се прогласи кризна енергетска состојба

Меѓутоа она што е сомнително е дека пожарот се случи веднаш по инфорамицјата дека актуалната влада предводена од СДСМ и ДУИ паѓа откако Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави дека заедно со Алијанса за Албанците, Алтернатива, БЕСА и Левица веќе имаат ново парламентарно мнозинтсо.

Па така легитимен е сомнежот дека пожарот во РЕК Битола може да значи пакост за покривање на траги за криминалот и создавање на енергетска криза

Најнови вести