Фолк пејачот Васил Атанасов кој почина пред еден месец, конечно е погребан во Германија. Неговата сестра Лидија објави на неговиот профил дека го погребале на 4 ноември на новите гробишта во Лудвигсбург, каде што Васил живеел 30 години.
„Им благодариме на македонската православна црква во Штутгард, св. Кирил и Методиј и на македонската музичка естрада кои го организираа погребот и со православен македонски поп од Минхен го погребавме брат ми. Тој многупати им свиреше на родендени и прослави“, рече Лидија.
За потсетување, семејството на Васил не можеше да го погребаат фолк-пејачот повеќе од 20 дена поради финансиски проблеми. Во Германија им бараа 5500 евра, додека од погребалното претпријатие во Македонија тие не добија никаков одговор.