Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.Д.(34) од с.Грешница, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 23.08.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за изолација и лекување во домашни услови.