недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Фото: И градоначалникот Колев дел од учесниците на атлетската трка што се одржа по повод Денот на Велес

Фото: И градоначалникот Колев дел од учесниците на атлетската трка што се одржа по повод Денот на Велес

Вечерва сум горд што и јас како Градоначалник бев дел од учесниците на атлетската трка што се одржа по повод Денот на Велес 9 Ноември. Трчавме на патеки долги 5 и 10 километри и на тој начин симболично им оддадовме почит на сите знајни и незнајни јунаци заслужни за слободата во која денес живееме, пишува градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, на Фејсбук.

-Атлетската трка е за прв пат востановена и се надевам дека ќе стане традиционална со која ќе го одбележуваме најголемиот празник на Градот, 9 Ноември.