Синот на српската пејачка Гоца Божиновска, Мирко Шијан е горд татко, а тоа го докажува преку честите фотографии кои ги објавува од синот на својот Инстаграм профил.
Овој пат Шијан беше воодушевен од тоа што го направи неговиот син Зоран, па веднаш се пофали со следбениците за да видат за што станува збор.
Имено тримесечното бебе покажа три прста алудирајќи на Србија заедно со Косово и Република Српска.
Шијан на фотографијата сподели и песна, а го додаде и српското знаме.