четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Касами: Видеото на Реџепи е направено под присилба

Касами: Видеото на Реџепи е направено под присилба

Надлежните органи да излезат со службена информација каде е пратеникот Кастриот Реџепи и дека гарантираат за неговата безбедност, побара предмалку лидерот на Беса Биљал Касами, пренесе ФОКУС.

Откако Реџепи објави видео дека е добар и дека немал закани, туку лично решил да не учествува на денешната седница за недоверба на владата, Касами изјави:

„Властите да ни кажат дека пратеникот е здрав и жив и друго не е важно. Убедени сме дека ова видео е направено под присилба, зашто е направено во момент кога одам во полиција да го пријавам за исчезнат“.

Притоа, Касами додаде дека власта применува криминални и терористички методи со кои, како што рече, може да дојде до 120 пратеници.

После ова, порача тој, оваа власт е целосно делегитимирана и треба да замине.

Најнови вести