четврток, 14. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Xаварија по хаварија во РЕК Битола- Итни оставки на Ковачевски и луѓето на Заев и формирање експертски тим за спас на ЕЛЕМ и РЕК Битола

Стоилковски: Xаварија по хаварија во РЕК Битола- Итни оставки на Ковачевски и луѓето на Заев и формирање експертски тим за спас на ЕЛЕМ и РЕК Битола

Xаварија по хаварија во РЕК Битола. Повторно од мрежа е исклучен БЛОК 1, заради хаварија во котелскиот дел, а само по неколку дена, заради нестручна санација, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-БЛОК 2 е оставен на технички минимум заради испад по нестручен ремонт.

БЛОК 3 ќе биде подолго време надвор од употреба и не се знае кога ќе проработи по тешката хаваријата

Граѓаните добиваат скапа струја од увоз којашто денеска е 250 Eur/MWh односно 5 пати поскапа од производната цена за MWh на РЕК Битола, со што секој ден дупката на ЕСМ (ЕЛЕМ) се зголемува за неверојатни МИЛИОН И ПЕТСТОТИНИ ИЛЈАДИ ЕВРА.

Веќе е и заборавено кога последен пат се работело со трите блока, тука во РЕК Битола, што ниеднаш се нема случено во време на таканаречените, самонаречените „шампиони„ во енергетиката од СДСМ.

Знаејки дека ЕЛЕМ е државно претпријатие, овие загуби ќе ги платиме сите ние, поради лакомоста на Васко Ковачевски и Кланот Заеви. Веќе ги плаќаме со префрлување на 65-те милиони евра од Буџетот на сметката на ЕЛЕМ.

Се’ тоа во екот на грејна сезона.

Производството на струја од РЕК Битола е сведено на минимум или воопшто го нема,a причината е една: ИСПУМПУВАЊЕ НА ШТО ПОГОЛЕМА КОЛИЧИНА НА ПАРИ, прикриено под назнака “ремонт на блокови“, бидејки назнаката „ископ на јаглен“ веќе е излитено клише.

Во рудниците во РЕК Битола е исто така критично. Годинава се потрошија 60 милиони евра за ископ на јаглен, а јаглен нема ни за еден месец.

Ископ скоро и да нема. Дел од багерските единици се надвор од погон заради хаварија, а дел, дознаваме, намерно се тргнати од производниот процес на јаглен во корист на камионскиот транспорт на надворешни фирми.

Почитувани, доста се лаги и криминал!

ВМРО-ДПМНЕ бара најитни оставки на сиот раководен тим предводен од Васко Ковачевски тука во РЕК Битола, како и формирање на принудно раководство составено од енергетичари со цел спас на ЕЛЕМ и РЕК Битола, односно спас на тоа што остана од нив!, потенцира Стоилковски.

Најнови вести