Ве боли главата? Благодарение на оваа намирница набрзо ќе се чувствувате многу подобро.
Ѓумбирот има повеќекратно благотворно дејство на организмот – го подобрува варењето, го поттикнува апетитот, спречува мачнина, помага при воспаление на грлото.
А, што е со главоболката? Да и во тој случај има лековито дејство. Најдобро би било да е свеж – во фрижидер може да стои три недели, а во замрзнувач до шест месеци.
За да ја намалите главоболката ве советуваме да направите чај од ѓумбир.
Чај од ѓумбир
Исечете парче ѓумбир (со големина околу 2 сантиметри), додадете го во вода и ставете едно стапче цимет и сето тоа ставете го во сад на оган. Кога ќе зоврие намалете ја температурата и оставете да се вари уште десетина минути.
Процедете го чајот, ставете го во чаша и послужете се со природниот лек за мигрена.