вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Лозјата во Тиквешијата зафатени со болеста пламеница

Лозјата во Тиквешијата зафатени со болеста пламеница

Променливото време неповолно се одразува врз лозовите насади во Тиквешко, истакна советникот во кавадаречката подрачна единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, Драганчо Николов.

– Веќе регистриравме појава на пламеница. На производителите на грозје во чии лозја е забележана болеста, им препорачуваме прскање со системични и контактни препарати, за да го спасат родот на виновите лози. Сега засега, пламеница имаме евидентирано во кавадаречките села Возарци, Шивец и Дреново, како и во росоманското село Манастирец, појасни Николов.

Во моментов, на удар на болеста се винската сорта на грозје „вранец” и десертната „мишел палиер”.

МИА