На актерот Бурак Озџивит, на македонската публика попознат како Бали Бег му се заканува затворска казна до четири години.
Згодниот заводник беше обвинет за инцидентот што се случи минатиот декември на снимањето на серијата „Курулус Осман“.
Во изјавата доставена до судот, пишува дека актерот среде снимање излегол од шаторот и започнал да ги навредува присутните и да ги нарекува со грди имиња. За овие тврдења има неколку сведоци.
Сценографот и уште тројца членови на тимот го тужеле за навреди. Сепак, тој ги негираше обвинувањата. Медиумите наведуваат дека учесниците во инцидентот се обиделе мирно да го решат проблемот, но не постигнале договор.
Озџивит во наредните денови ќе сведочи пред судија.