Младата пејачка Илма Карахмет која веќе долго време води борба со вишокот на килограми, сепак успеа да ослабе дури 20 килограми.
View this post on Instagram
-Требаше доста време за да ослабам, да бев на некои стручни диети сигурно би ослабела и порано од ова, вели таа во емисијата „Гранд њуз“.
View this post on Instagram
Таа вели и дека нема ништо против операцијата за стеснување на желудникот, но дека ја нема направано на нејзиното тело.
-Јас инаку сакам да уживам во животот и не сакам да се оптоварувам со некои работи, музиката е нешто што најдобро го правам, така да тоа ми е на прво место, музиката. Имам еден многу добар пријател кој имаше исто така проблеми со вишокот на килограми и се реши за операција за стеснување на желудникот, засега добро му оди. Не сум противник за такви операции, но јас успеав на природен начин да ослабам, додава таа.
View this post on Instagram
Инаку таа во јавноста е позната по учевството во музичкото шоу „Х Фактор“, како и по караницата со пејачката Емина Јаховиќ на која ненамерно и ги проколна децата.