Турската актерка Бергузар Корел и сопругот Халит Ергенч, најпознати по улогите на Шехерезада и Онур во серијата „1001 ноќ“, на почетокот на ноември го добија своето трето дете.
Турскиот пар доби ќерка за која го одбраа името Лејла.
Шехерезад на социјалните мрежи сега ја објави и првата фотографија со малата наследничка.
-Ова место ќе мириса на млеко долго време“, напиша покрај објавата.
Бергузар и Халит се во брак од 2009 година, а покрај Лејла ги имаат и синовите Али и Хан. За третата бременост Бергузар дознала на снимањето на серијата „Кнали Јаји“.