Голема трагедија утрово ја разбуди цела Македонија. 46 наши сограѓани го загубија својот живот на пат од Турција кон Македонија. Самата помисла дека се починати и дечиња, носи ужасна вознемиреност и не постојат зборови за утеха на семјествата, вели претседателот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска.
-Изразувам искрено сочувство до семејствата на загинатите, моите молитви се со нив да Господ им даде сила да ја издржат оваа болка. На повредените им посакувам брзо и лесно закрепнување.