среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сочувство од Народниот правобранител за загинатите во автобуската несреќа

Сочувство од Народниот правобранител за загинатите во автобуската несреќа

Народниот правобранител упати сочувство за 46-те жртви што загинаа во автобус на скопската компанија „Беса транс“ што рано изутринава се случи во Бугарија.

-Моментите кога се случуват вакви трагедии, се моменти кога сите ние остануваме без зборови, запрепастени од загубата на човечките животи. Потресните слики кои доаѓаат од местото на несреќата не прават тажни, а вестите дека згаснаа голем број на млади животи оставаат горчина. Изразуваме длабоко сочуство до семејствата на загинатите патници, и воедно се надеваме на брза и ефикасна истрага, која само за миг ќе биде еден вид на утеха за згаснатите животи. Ова е голема трагедија, која не погоди сите нас, кои најискрено жалиме за смртта на патниците, посочуваат од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Најнови вести