Со огромна жалост и тага ја примивме веста за трагичната несреќа во која загинаа 46 лица од Македонија, а се случи во Република Бугарија. Сакаме да изразиме сочуство до семејствата на загинатите и брзо опоравување на преживеаните, информираат организаторите.
Тие информираат дека поради оваа тажна несреќа која ја потресе целата држава, официјалниот избор на Мажи на годината за 2021 година ќе го одложат.
– За новиот датум ќе ве известиме дополнително. Ви благодариме на разбирањето, додаваат.