среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Во понеделник и вторник овие делови од Скопје ќе останат без струја

Во понеделник и вторник овие делови од Скопје ќе останат без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  по добиеното известување од ЕВН, испрати известување до граѓаните.

Заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 29.11.2021 година (понеделник)  без електрична енергија ќе останат следните корисници:

-од 08:00 до 13:00 часот, корисниците  од  дел од с. Градовци во општина Зелениково.

-од 09:00 до 13:00 часот, корисниците  од дел од  с. Долно Количани, ( делот кон гробиштата) во општина Студеничани.

На ден 30.11.2021 година (вторник) без електрична енергија од 08:30 до 15:30 часот, ќе останат корисниците  од  селата: Миладиновци, Текија и Дељадровци, во општина Илинден.