Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање истакна дека нема да се кандидира за претседател на СДСМ.
-Немам таков интерес, кусо одговори Филипче.
Партиските органи на СДСМ во петокот ја прифатија оставката на претседателот на партијата Зораз Заев.
Од партијата информираа дека на седницата на Централниот одбор е донесена одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател. Новиот претседател ќе го бира 12 декември.
Постапката за кандидарање започна во саботата и ќе трае седум дена.