недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Телата на жртвите од автобуската несреќа ќе бидат пренесени во Скопје во четврток

Телата на жртвите од автобуската несреќа ќе бидат пренесени во Скопје во четврток

По остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија, одговорен за трагедијата од 23 ноември, Сарафов, сакам да ја информирам јавноста дека е донесена одлука за предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа во четврток, 2 декември, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Р. Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол истиот или наредниот ден останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови. Останувам во блиска комуникација со семејствата за останатите детали, а јавноста ќе биде информирана навремено истотака, вели Османи.

Најнови вести