„Мој је живот Швицарска“ – добивме 5% на плата… Вака од Синдикатот на полицијата во Македонија го коментираат најавеното покачување на платите за вработените во МВР.
Нивната реакција на ова и неколку останати прашања ви ја пренесуваме во целост:
Уште од почеток да започнеме со прашања:
Бидејќи ете ги реновиравте комплетно „кутиите“ во 2020-та и 2021-та, планирате ли барем и водоводните цевки да ги смените, оти смрди на рѓосано железо водата? Или да набавите барем по некое биро и столица? Или пак ќе има „тендерче„ за новоградба, па проценти и уште некоја „нашминкана кутија”???
А вие док Кице, со фрижидерите и греалиците не ја покривате одговорноста на министерот и МВР да обезбедат оптимални услови за работа на вработените!!! За тоа треба многу повеќе!!! А, да, да не ги заборавиме и електричните ѓезвиња што некаде нема кај да се вклучат бидејќи штекерите се прегорени или електричната инсталација не крепи ни такво оптоварување бидејќи датира од 60-тите и 70-тите години на минатиот век!!!
Зголемена плата за 5% во 2022 за полицијата?! За нас тоа не е зголемување на платата, порамнувањето на додатокот од 30% за овластување, кој патем речено МВР ни го должи уште од времето на Гордето „наша”!!! Зголемување на плата ќе признаеме и поздравиме од типот на зголемените плати во здравството и просветата, 3 пати за 3 години!!!
Зголемување на плата ќе признаеме кога основната компонента на платата на еден полицаец ќе биде барем израмнета со просечната плата во државата!!!
За бонусот док Кицка, не ни споменуваме бидејќи 80% од тие шо ќе им биде исплатен се старешини. Ти со тајфата објаснете како може старешина кој не работи во викенд и на празник, да има повеќе прекувремени од полицаец кој работи секојдневно!!! Односно така би требало да работи, ама не е бидејќи старешините работат прекувремено во викенд и празник, а полицаецот е „ослободен” за да биде малку со семејството?!
Требаше да настане потрес и да се крене прашина до небо за да се разбере за дневниците за службено патување исплатени во „кеш” на рака? Без да се заведат како додатоци кои ќе влијаат и на зголемување на процентот за пензија? И баш не интересира
епилогот на овај проблем, шо ќе ископате од капата?!
Реновирање, возила, порамнување, бонус…. Стара приказна, Кицка!!! Многу стара министре Оливер Спасовски!!! Исто толку стара како: Каде е униформата, осигурувањето, заштитата при работа, К-15, покачување на бодовите за плата, нормална исплата на сите прекувремени саати а не слободни денови, сабота и недела викенд…. И да не го препишуваме цел катастрофален колективен договор!!!
До кога со мачкање очи, до кога со лаги, до кога со „лигавење до врвот”, до кога делење на ваши и наши, до кога со опструкција на правото на работникот и форсирање на неспособни, партиски и „послушни” кадри, ДО КОГА ЌЕ СЕ ПРАВИТЕ НАУДРЕНИ ДЕКА МВР НЕ ФУНКЦИОНИРА ПО НЕЈЗИНАТА ОСНОВНА ЗАДАЧА????
Господа, до кога ќе плукате по полицаецот и ќе го убедувате дека врне??? Да, да!!!
А Вие двајцата, „дрим тимот” на МВР:
До кога ќе се криете позади лаги, демагогии, некаков си „договор и културно изразување” дека вие работите за доброто на полицаецот, а полицаецот е се уште гол и бос и со празни џебови на 15-ти секој месец??? До кога ќе ги игнорирате и потиснувате работниците и ќе се криете позади вашите костуми, маски и канцеларии???
Па „ваква љубов” помеѓу Вас двајца немало ни во најромантичните сцени на филмот „Титаник”
Уствари позадината е “онаа” другата…онаа партиската….онаа која заедно многупати бевте ….исто таму со еден лажен “војвода”…. уствари не е важно….🎯
ОДЕЛАТА НЕ ВЕ ПРАВАТ ГОСПОДА, А ДИПЛОМИТЕ И ТИТУЛИТЕ НЕ ВЕ ПРАВАТ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ
Ние во СПМ и Полицијата немаме одела, многу од нас немаат ни униформи, ама имаме дипломи и тоа оние најважните- УЛИЧНАТА ДИПЛОМА ОД ГРАЃАНИТЕ, КОЛЕГИЈАЛНАТА ДИПЛОМА ОД КОЛЕГИТЕ, ТРУДОВАТА ДИПЛОМА ОД РАБОТАТА И ОНАА МОЖЕБИ НАЈВАЖНАТА-ДИПЛОМА ЗА ЧЕСНОСТ!!!
Е тоа „господа од дрим тимот” никогаш нема да го имате со делење на ѓезвиња и мачкање на фасади!
Тоа се заработува со напорна работа и пожртвуваност што за вас се непознати поими!!!
До тогаш….
-Наздравје преговорите зад затворени врати,
-На здравје живеење во нереален свет,
-На здравје прикажување на лажна фактичка состојба,
-На здравје Вашата „љубов” помеѓу Вас,
-На здравје единствени, најдобри, фарбачи и манипулатори единствено само на јавноста.
Кај полицаецот НЕ ВИ ПАЛИ ВЕЌЕ….. ПРОЧИТАНИ СТЕ!
Патем рековте покачување 2022……но кога точно ќе биде тоа двајцата прегрнати не кажавте…и дали со сигурност ќе има…❗