четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Кочовски: Континуирано ќе работиме граѓаните да учествуваат во работата на општината и креирањето на локалните јавни политики

Кочовски: Континуирано ќе работиме граѓаните да учествуваат во работата на општината и креирањето на локалните јавни политики

Во тек се консултации и разговори со локалните здруженија на граѓани со цел нивно активно учество во подготовка на годишните програми и буџетот на општина Вевчани за 2022 година, информираше преку својата Фејсбук страница градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски.

Континуирано ќе работиме на развој на механизми за зголемено учество на граѓаните во работата на општината и креирањето на локалните јавни политики, пишува во својата објава Кочовски.