среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: Власта е најмалку европска, интеграцијата е алиби, а реалноста е недемократска, авторитарна и олигархиска

Силјановска: Власта  е најмалку европска, интеграцијата е алиби, а реалноста е недемократска, авторитарна и олигархиска

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова вечерва во „Само интервју“ во Канал 5 телевизија, истакна дека перцепцијата за тоа што е европско се покажа на локалните избори, се виде дека она кое било претходно не е европско делување кое сега на власта и е алиби, додека реалноста е недемократска, авторитарна , клептократска и олигархиска.

-Перцепцијата за тоа што е европско е сменета после локалните избори, демократијата вирее на локално ниво, таму најмногу се вежба демократијата, се покажа дека тоа што било претходно не било европско делување, едно од темелите на европската демократија е локалната демократија, еден од темелните документи на Советот на Европа е Конвенцијата за локална самоуправа, јасно е перцепцијата е променета, вели Силјановска.

Силјановска вели дека демократијата се мери со стабилни институции, со одговорни политичари, со транспарентно одлучување, ова што сега го прави актуелната власт дека ги спојуваат европски процеси и агенда го оцени само како апсолутно алиби на власта.

-Алиби е европската егенда и само еден вокабулар, а реалноста е балканска, реалноста е недемократска, авторитарна, клептократска, да не бројам веќе олигархиска, но убаво звучело тоа европска интеграција, ја реков во една прилика не може со Ориент експрес да стигнете во Брисел, ви треба друго превозно средство, критикуваше Силјановска.

Најнови вести