Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски заeдно со надлежните служби од вчера на терен почнаа да вршат зајакнати контроли на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието.
-Екипите на ЈП ПОЦ секојдневно ќе ги санкционираат сите непрописно паркирани возила кои ќе бидат затекнати на паркиралиштата со цел да се реши проблемот со нeправилното паркирање и сообраќајниот метеж во Општина Центар. Во текот на вчерашниот ден беше извршена детална контрола во Зона 1 и Зона о1 и беа санкционирани 162 непрописно паркирани возила, а во наредниот период контролите ќе продолжат и на другите паркиралишта со кои стопанисува претпријатието, се наведува во соопштението на ПОЦ.