недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Колев: До крајот на годината ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе добие комплетно уреден двор

Колев: До крајот на годината ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе добие комплетно уреден двор

Продолжуваме со зацртаните цели и проекти со кои го подобруваме квалитетот на живеење во сите сфери. Особено ми е драго што ги подобруваме условите во училиштата каде се образуваат нашите најмали и најмлади сограѓани, децата, стои во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Велес, Марко Колев.

– Во тек се крупни градежни зафати во ООУ „Св.Кирил и Методиј“. До крајот на годината училиштето ќе добие комплетно уреден двор, помошен парен котел а во тек е постапката за реконструкција на спортската сала, информираше Колев.