среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Со три состојки и вода до секогаш миризлив дом

Со три состојки и вода до секогаш миризлив дом

Сте готвеле и пржеле, некој пушел цигари, ви влегла миризба од надвор… домот може да добие непријатен мирис на различни начини. Но, постои решение, а да не е постојано купување скапи производи.

Овој трик за освежување на куќниот воздух бара само три состојки и тоа лимон, рузмарин и есенцијално масло од ванила. Освежувачкиот и пријатен мирис се подготвува лесно, а потоа резултатите се одлични.

Загрејте ја водата на шпорет и додадете ги останатите состојки. Кога ќе зоврие, тргнете од шпоретот и оставете на погодно место во домот. Не заборавајте да додавате вода во текот на денот.

Домашниот освежувач можете да го користите и понатаму преку додавање вода, сѐ додека не ја изгуби својата јачина. Тоа би требало да се случи после третиот ден. Потоа, остатоците наместо да ги фрлате можете да ги пренамените.

Дестилираната вода е одличен спреј за собите, спреј кој ќе трае и неколку месеци.

Во комбинација со алкохолен оцет можете да направите и повеќенаменско средство за чистење.

Овој трик на TikTok го покажа и една австралиска домаќинка:

@mama_mila_The DIY signature scent that will become your favourite 🍂 #hometips #homefragrance

♬ You Stepped Out Of A Dream – Nat King Cole