вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Владата на Заев направи само спирала на сиромаштија и кризи, а крај на ова се става со брзи предвремени парламентарни избори

Стоилковски: Владата на Заев направи само спирала на сиромаштија и кризи, а крај на ова се става со брзи предвремени парламентарни избори

Дека власта е неспособна и не може да опстои ќе се види допрва. 14-ти ден од автобусот на смртта или катастрофата во Бугарија и точно 3 месеци од модуларната болница на смрттта во Тетово. Загинати и нема никакви одговори и одговорност. И наместо одговорност за смртта на 60 граѓани во двата случаи ние имаме влада, односно лица во неа кои се церемонијал мајстори за погреби, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на Македонска телевизија во емисијата Објектив.

Според него Македонија наместо да исполнува критериуми за ЕУ, а Европската комисија бараше справување со висока корупција, гледаме сосема поинакво нешто.

„Гледаме криење на одговорноста во период кога Македонија се простори со повеќе од 60 граѓани и наместо министри кои ќе ги решаваат проблемите ние имаме влада и лица во неа кои се церемонијал мајстори за погреби“, рече Стоилковски.

Стоилковски се осврна на економската ситуација во земјава.

„Има спирала на сиромаштија, наместо Владата да ги затвора старите проблеми отвора нови. Што видовме 4 години, најголеми буџети, а ниту една реална инвестиција, отворени нови работни места. Има само потрошени 4 буџети за купување на социјален мир. А ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше на енергетската криза. Има поскапи горива, струја, замрзнати цени и каков ефект ќе има тоа во економијата на крај“, праша Стоилковски.

Оттука според него само брзи предвремени парламентарни избори се опција за да се стави крај на оваа пластелин коалиција која е целосно безидејна.

„И само така ќе се реши оваа економска, енергетска, политичка, здравствена криза во земјава. Нема можност за опстанок на една ваква пластелин коалиција“, рече Стоилковски.

Најнови вести